«

»

Feb 11

Општина Новаци се грижи за невладиниот сектор

DSC_0806

Со проектот „Младински работен центар“ за потребите на трите невладини организации од Новаци: Културно иновативниот клуб,Културно уметничкото друштво и „Младинска граѓанска акција“со средства од SPA на Мировен корпус ќе се опреми една просторија во Центарот за ран детски развој „Бамби“ и соблекувална во општинската сала.

„Невладините организации кои работат во општина Новаци досега немаа свој центар.Со овој проект општината им додели две простории на користење една во општинската сала а една во игротеката кои  целосно ќе бидат опремени.Преку обезбедување на основни но и подобри услови за работа сметаме дека невладиниот сектор ќе постигнува поголеми резултати и ќе биде поуспешен во својата работа.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

6

Проектот предвидува набавка на компјутер,три работни бироа,гардеробери, завеси, санитарен чвор и сл. Покрај просторијата во игротека планирано е комплетно опремување на соблекувална во општинската сала со комплетно опремени кабини и целокупниот потребен мебел за таа намена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php