«

»

Feb 10

Се асфалтира улица во мариовско Маково

4

Убавите пролетни температури идеални за отпочнување со градежни подготвителни работи за асфалтирање на улици и патишта. Општина Новаци ја започна оваа активност од мариовското село Маково. Со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе се асфалтира улица во должина од 400 метри .

„Имаме предвидено со стратегијата на општината асфалтирање на 1 км улици преку оваа програма.Во Маково каде што во моментот се наоѓаме асфалтираме околу 400 метри улици , но со оваа програма е предвидено асфалтирање на улици и во Новаци и во Бач.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Советот на општина Новаци максимално ги поддржува ваквите активности на општината кои значат подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот на месното население.

„ Советот на општина Новаци ги поддржува овие активности ,се залагаме за што е можно повеќе асфалтирани улици во општината,ќе настојуваме да се асфалтираат што е можно повеќе патишта “ Катерина Лозановска,советник во Совет на општина Новаци.

Жителите на Маково ја изразија големата благодарност до градоначалникот Котевски и општина Новаци и вложувањето во инфраструктурата.

„Ние жителите од Месната заедница Маково му се заблагодаруваме на градоначалникот Лазар Котевски и на Советот на општина Новаци за дадената помош на нашето село асфалтирање на улици од 400 метри.Во ова населено место живеат околу 40 до 50 жители , а општината секогаш ни излегува во пресрет за сите потреби кои што ги има месното население“ жител на Маково.

Општина Новаци во изминатиот период има асфалтирано неколку патни правци и тоа Брод – Р 120 а започна да се гради и патниот правец Брод-Гнеотино во должина од 3 км.

„Со ваквите активности ќе продолжиме и понатаму затоа што тие ни се ставени во Програмата на општината за асфалтирање и одржување на локални улици и патиштата за 2014 година,односно покрај со средства на Агенцијата за финансиска поддршка ние имаме планирано и сопствени средства од Буџетот со кои планирано ние асфалтирање на околу 2,5 км улици како и завршувањето на започнатите патни правци Старавина-Зовиќ каде се асфалтирани околу 3 км а преостануваат уште 1,5 км,потоа патниот правец Р 509 кон Мегленци и Мегленци Арматуш во должина од 2,5 км.“ рече Котевски.

Изведувач на градежните работи е Дооел Жикол од Струмица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php