«

»

Feb 05

Општината и Советот на Новаци дадоа позитивно мислење за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост

DSC_7473

Советот на општина Новаци на 13 –тата седница го усвои предлогот и даде позитивно мислење за годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2013 година.

„Станува збор за продажба на државно земјоделско земјиште во две катастарски парцели во Ивени М.В Локва и М.В Лочка на површина од 10192 метри квадратни.  “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Во предлог годишната програма за продавање на земјоделско земјиште во државна сопственост на МЗШВ е утврдена вкупната површина која изнесува 267ха34ар 16 м2.Максималната површина која може да се продаде на едно физичко  или правно лице, вклучително и меѓусебно поврзани лица е 10% од вкупната површина на земјоделско земјиште на државна сопственост во РМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php