«

»

Feb 04

На Коњарка се гради уште една мала хидроцентрала

2

Јавна расправа по Извештај за стратегиска оцена на животната средина за проект за инфраструктура за изградба на мала хидроцентрала на КП 26 и КП 1405 , КО Скочивир на М.В Коњарка се одржа во просториите на општина Новаци.

„Денеска се одржа презентација за влијанието врз животната средина за изградба на мала хидроелектрична централа на река Коњарка.Ова е втор ваков објект кој ќе се гради на истото место.Оваа постапка е една од редовните чие спроведување се надлежност на локалната самоуправа.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

3

На презентацијата беше истакнато дека се поднесени одредени писмени забелешки за стратегиската оцена за влијанието врз животната средина. Претседателот на месната заедница с.Скочивир забележа дека при изградбата на претходната хидроцентрала реката била заматена поради одрон на одредено земјиште и побара при изградбата на објектот доколку се случи нешто слично жителите да бидат известени за квалитетот и можноста за користење на водата за пиење.Од месната заедница истакнаа дека им стојат на располагање на инвеститорите но побараа при потреба од вработување да бидат земени во предвид жителите на ова населено место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php