«

»

Jan 31

Во Новаци се слави Свети Атанасиј зимен

4

Од синоќа и рано изутрина се чествува  верскиот празник Свети Атанасиј во истоимената црква во Новаци,каде традиционално се расече погачата со златно крвче а среќникот кој го најде дарот беше Благоја Ѓеорѓиевски од Новаци.

Како и секоја година така и оваа градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски заедно со неговите сожители присуствуваше на светата божествена литургија и прославата во црковната сала.

„Верските празници се многу важни за нас па секогаш кога имам можност ги празнувам заедно со моите сожители. Црквата во Новаци го носи името на светецот кој денеска се чествува.Му честитам на овогодинешниот среќник кој го најде крвчето Благоја Ѓорѓиевски му посакувам среќа да го рпати во текот на цела година и серазбира тој ќе биде домаќин на овој празник следната година“ рече Лазар Котевски, градоначалникот на општина Новаци.

8

Свети Атанасиј Велики бил Архиепископ Александриски.Роден е во Александрија во 296 година.Уште од детството бил наклонет кон духовниот призив и многу придонесе за побивање на Ариевата ерес и утврдување на православието.Автор е на Симболот на верата. По смртта на Александар, Св.Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски каде остана цели 40 години.Речиси сиот живот беше гонет од еретиците.Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св.Атанасиј.Но неговата душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба.Господ го упокои во Своето Царство овој верен раб во 373 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php