«

»

Jan 22

4 милиони денари за обнови на цркви и манастири во општина Новаци

2

Општина Новаци е богата со верски објекти.На нејзина територија има 51 црква, 14 манастири и 2 параклиси.Од таму потребата локалната самоуправа секоја година да одвојува средства од Буџетот за нивна реконструкција и реставрација и заштита на културно историското наследство.Градоначалникот Лазар Котевски вели дека во 2013 година општината издвоила околу 4 милиони денари за таа намена.

„Општината секоја година во својот буџет планира средства за доизградба и реконструкција на верските објекти. Минатата година помогнавме со 200 000,00 денари за реконструкција на црквата Св.Никола во с.Брод, за манастирот Св.Никола во Мариово и манастирот Св.Атанасиј во с.Старавина  каде доделивме парични средства во висина од 15 000,00 денари за набавка на пластифициран лим.“ вели Котевски.

Со општински средства целосно беше заменета кровната конструкција на црквата Св.Атанасиј во с.Градешница а изведувач на градежните работи беше фирмата БВ Инженеринг од Битола.

„ Една од најголемите наши инвестиции за оваа намена се 3 милиони денари кои ги дониравме за изградба на салата за свадби,крштевки и венчавки во склоп на манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во с.Новаци.Салата е веќе подигната а монтирана е и челичната кровна конструкција.“ вели Котевски.

1

Општина Новаци на Здружение граѓани „Трновчица“ од с.Будимирци му додели 110 000,00 денари за изработка на проект за конзервација и реставрација на икони и фрески во селската црква.

Општина Новаци од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција го спроведува проектот за заштита на културно-историското наследство „ Жива историја-жива природа“  со кој е планирано конзервација и реставрација на црквата Св.Димитрија во с.Градешница која потекнува од 16 век а за што се планирани 12 000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php