«

»

Jan 14

Денеска е Василица- за многу години

DSC_1188

Градоначалникот на општина Новаци , Православната Нова Година – Василица ја дочека со жителите на општина Новаци.Ги посети сите коледарски огнови и се дружеше со неговите сожители. Коледарски огнови, богата трпеза и мазник со паричка имаше на неколку места во Новаци.

„ Овој период е еден од најубавите во годината затоа што изобилува со празници, со можност за прослава и дружење, но и за зачувување и продолжување на богатите народни обичаи.Секогаш практикувам да се дружам и да празнувам заедно со жителите на мојата општина, да ги посетам сите огнови и да ги испочитувам сите жители. Овие се убави денови кога сите треба да се дружиме и радуваме.“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Денеска е Василица, осмиот ден после раѓањето на Исус Христос кога тој бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Об­резанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.

Де­неска исто така се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил го­лем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php