«

»

Jan 13

Се вртеше мазник со паричка во игротеката Бамби за прослава на Василица

DSC_7461

Анастасија Стојановска  е овогодинешната среќничка на која му се падна паричката од василичарскиот мазник кој се вртеше во Центарот за едукативен развој „Бамби“ во с.Новаци.Градоначалникот Лазар Котевски не ја пропушти оваа можност заедно со најмалите жители на неговата општина да го направи овој стар адет и да ја прослави Православната Новата Година.

„ Ваквите празнувања се доста важни за децата бидејќи на некој начин значат не само нивно запознавање со традицијата туку и продолжување на вековните обичаи.Ова е особено важно за да не се заборават и да се продолжат ваквите стари христијански обичаи.На Анастасија кој денеска е најсреќна лод другите 24 деца колку ги има во игротеката му посакувам среќа, здравје и успех во оваа 2014 година, да биде среќна како што е денеска.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Верските празнувања и обичаите се дел од едукативниот развој на децата во Центарот „Бамби“ во општина Новаци.

Во овие краеви спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.За ручек, мазник со паричка ќе се врти во многу домаќинства, а потоа ќе се подели на делови колку што има членови во семејството, еден за господ и плус еден за куќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php