Monthly Archive: January 2014

Jan 31

Во Новаци се слави Свети Атанасиј зимен

Од синоќа и рано изутрина се чествува  верскиот празник Свети Атанасиј во истоимената црква во Новаци,каде традиционално се расече погачата со златно крвче а среќникот кој го најде дарот беше Благоја Ѓеорѓиевски од Новаци.

Jan 29

Оглас за ангажман на надворешен фацилитатор/модератор

Општина Новаци за потребите на проектот “Жива Историја, Жива Природа”, објавува оглас за ангажман на лице – Надворешен фацилитатор/модератор за вкупно десет работни дена. Огласот можете да го најдете на следниот ЛИНК.

Jan 29

Советот на општина Новаци ја одржа 13-тата седница

Советот на општина Новаци ја одржа 13 тата седница од неговото конституирање,прва во Новата 2014 година.Советниците расправаа за 13 точки на дневен ред и разгледаа и одлучија по неколку одлуки и барања.

Jan 23

Започна да се гради локалниот патен правец Гнеотино-Брод

Во присуство на министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство на РМ,градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски,државната администрација, мештаните и новинарите беше поставен камен темелник за отпочнување со изградба на локалниот патен правец Гнеотино-Брод. Министерот потенцираше дека општина Новаци годинава има најголем број поддржани проекти вкупно 3 односно од Агенцијата за финансиска пддршка на земјоделството и руралниот …

Continue reading »

Jan 23

Барање за добивање на Б-дозвола за Сепарација за песок и чакал “Градилово”, с.Брод.

Почитувани жители на општина Новаци, На следниот линк се објавени барањето и оперативниот план за добивање на Б-дозвола за усогласување со оперативен план за Сепарција за песок и чакал “Градилово” с.Брод, Општина Новаци. Можете да дадете свое мислење во општина Новаци во рок од 31 ден од објавувањето. ЛИНК

Jan 22

4 милиони денари за обнови на цркви и манастири во општина Новаци

Општина Новаци е богата со верски објекти.На нејзина територија има 51 црква, 14 манастири и 2 параклиси.Од таму потребата локалната самоуправа секоја година да одвојува средства од Буџетот за нивна реконструкција и реставрација и заштита на културно историското наследство.Градоначалникот Лазар Котевски вели дека во 2013 година општината издвоила околу 4 милиони денари за таа намена.

Jan 21

Општина Новаци во 2013 година доделила 145 000 денари парична помош за 30 новородени деца

Според последните статистички податоци во општина Новаци во 2013 се родиле 6 новороденчиња  повеќе од претходната година. За таа цел локалната самоуправа одвоила вкупен еднократен паричен надоместок во висина од 145 000,00 денари.

Jan 20

Трајан Климевски го фати светиот крст во Новаци

26 годишниот Трајан Климевски од Новаци го фати светиот крст во осветените води во базенот во црквата Св.Атанасиј.Од 16-мината кои учествуваа во оваа верска традиција најсреќен беше Климевски кој досега учествувал трипати но прв пат со успех.

Jan 16

Отворена нова продавница за колонијал во с.Рибарци

На огромна радост на жителите на село Рибарци,општина Новаци беше отворена реновираната колонијална продавница.Чинот на свечено пуштање во употреба го направи градоначалникот Лазар Котевски.

Jan 14

Денеска е Василица- за многу години

Градоначалникот на општина Новаци , Православната Нова Година – Василица ја дочека со жителите на општина Новаци.Ги посети сите коледарски огнови и се дружеше со неговите сожители. Коледарски огнови, богата трпеза и мазник со паричка имаше на неколку места во Новаци.

Older posts «

css.php