«

»

Dec 31

Општина Новаци домаќин на музичкиот сценски спектакл „Собирач на желби“

DSC_0950

Детскиот театар Бабец од Битола го изведе музичкиот сценски спектакл „Собирач на желби“ во салата во општина Новаци.Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња и нивните родители зафатени од предновогодишната еуфорија.

„Многу мие мило што гледам дека салата е преполна и дека има интерес за вакви културни настани.Во пресрет на новогодишните празници деновиве присуствувавме на претставата на КИК Новаци, на приредбата на дечињата од игротеката Бамби но еве денес повторно имаме новогодишна претстава од дестскиот театар Бабец од Битола.“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

DSC_0937

Влезот за претставата беше бесплатен а присуствуваа сите дечиња од општина Новаци.На крајот од претставата градоначалникот Лазар Котевски на сите дечиња, нивните родители и присутни им ја честита Новата 2014 година и му посака среќни Божиќни празници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php