«

»

Dec 30

Новогодишни пакетчиња за дечињата од ОУ „Славко Лумбарковски“

DSC_0915

Како и секоја година така и оваа ,општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски обезбедија новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои посетуваат настава во централното и подрачните училишта „Славко Лумбарковски“.

 

„Локалната самоуправа со цел да им ги разубави новогодишните и божиќните празници обезбеди новогодишни пакетчиња за дечињата.Тоа ние традиција и го правиме секоја година бидејќи дечињата како најмали жители на општината заслужуваат најголемо внимание и подобри услови за живот..“ рече Котевски.

DSC_0831

Новогодишни  пакетчиња им беа поделени и на социјално загрозените и многудетните семејства во општина Новаци.

 

„Новогодишни пакетчиња поделивме и за социјално загрозените и ранливите категории од Добромири, Далбеговци, Рибарци, Живојно и други села во општина Новаци. Пакетчиња поделивме и во соработка со мотоклубот Конзули.“ рече Котевски.

DSC_0689

Градоначалникот Котевски и Дедо Мраз пакетчиња им поделија и на дечињата од Центарот за ран детски развој „ Бамби“ од Новаци каде присуствуваа и на новогодишна приредба.

DSC_0626

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php