«

»

Dec 26

Започнаа градежните работи за реконструкција на мостот и воденицата,црквата и куќата на Калеш Анѓа во Мариово

3

Започнаа градежните работи околу реконструкција на четирите објекти кои се опфатени со проектот „Жива историја,жива природа“ од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2007-2013.

„Започнавме со реконструкција на мостот и воденицата во с. Зовиќ ,црквата св.Димитрија во с.Градешница и куќата на македонската хероина Калеш Анѓа со средства од проектот „Жива историја,жива природа“ од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2007-2013 .Куќата во која таа живеела е ѕидана од камен и од бела земја, автентичен за овој крај, но во моментот е запуштена и обрасната со плевел. Истата ќе биде реконструирана и претворена во етно музеј кој ќе им биде достапен на сите посетители.  “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

„ Објектот е типичен објект за една рурална средина за регионот во Мариово.Имаме еден претпростор и простории кои се наменети за сместување на корисниците на тој простор  додека во долниот дел е сутеренскиот простор кој е наменет за стоката.Со проектот е предвидено реновирање на надворешниот дел од куќата.“ рече Зоран Алтипармаковски,виш конзерватор во НУ Завод и музеј Битола.

„ Еве денеска го означија стартот на градежните работи околу реконструкцијата на куќата на Калеш Анѓа.Задоволство мие што општина Новаци и градоначалникот направија напори куќата да влези во проектот за ревитализација на традиционалните рурални објекти.Се надевам дека за брзо време се ќе биде готово и дека ќе можеме да се пофалиме со какво културно историско наследство располага Мариово. “ рече Љупчо Дамчевски,сопственик на куќата.

Носител на проектот за заштита на културно историското наследство е општина Новаци а партнер општина Аридеа од Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php