«

»

Dec 23

Донесен Буџетот на општина Новаци за 2014 година

IMG_5006

Советот на општина Новаци расправаа и едногласно го донесоа најважниот финансиски документ за работењето на општината, Буџетот за 2014 година.Исто така ја донесоа и одлука за извршување на буџетот за 2014 година.

„Вкупниот буџет на општина Новаци за 2014 година изнесува 199 838 768 денари и е за 1 % поголем од минатогодишниот. Буџетот за 2013 е реализиран над 70 %.Следната година се планирани приходи од донации во износ од 16 мил.денари, вкупните капиталните инвестиции изнесуваат околу 79 милиони денари односно 30% од вкупниот буџет и тука влегуваат средствата од Фондот за фосилни горива,министерство за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за финансиска поддршка,Бирото за регионален развој и сл. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Покрај буџетот, советниците донесоа и решение за избор на претседател и членови на комисија за попис и програма за работа на Советот на општина Новаци за 2014 година.

„Како секоја година така и оваа советот носи програма по која ќе работи во новата година.Програмата содржи воведен дел и посебен дел каде по тромесечија детално е одрена работата на советниците во наведениот период од годината.Програмата содржи уште нормативен и завршен дел. “ рече Пецо Мицевски,претседател на Совет на општина Новаци.

Советниците ги разгледаа и усвоија и Предлог програмата за одржување на јавна чистота на територијата на општина Новаци за 2014 година,предлог програмата за уредување на градежно земјиште,известување за учество на општина Новаци во финансирањето на ТППЕ Битола,предлог програма за работата на Јавното комунално претпријатие за комунални дејности „Комунална хигиена“ Новаци и локален акционен план за 2014 година за комисијата за еднакви можности на мажите и жените на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php