«

»

Dec 17

Советниците од општина Новаци ќе одделуваат месечно по 500 денари за фонд за социјално загрозени лица

IMG_4566

На предлог на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, советниците од својот месечен надоместок ќе одвојуваат по 500 денари во фондот за помош на социјално загрозените и ранливи категории на граѓани.

„Многу често до мене стигнуваат барања за финансиска помош за социјално загрозени граѓани на кои им се потребни средства заради болест или сични проблеми. Токму затоа за да можеме да излеземе во пресрет на нивните потреби и да им помогнеме дадов предлог на денешната седница советниците да даваат по 500 денари секој месец од својот надоместок додека јас ќе издвојувам по 1000 денари.Мојата сугестија беше поддржана и едногласно усвоена“ рече Лазар Котевски,градоначалник.

На 11 тата седница на дневниот ред советниците разгледуваа дваесеттина точки меѓу кои: Одлука за усвојување на Предлог Буџет за 2014 година,Одлука за извршување на Буџетот на општината за 2014 година, Буџетски календар за 2014 година,Одлука за одобрување на средства за одбележување на Новата 2014 година,две барања за надомест на штета од пожар,предлог одлука за промена на намена на централни функции во домување во идна урбанистичка планска документација со која ќе се изврши вклопување на бесправно изградените објекти,предлог одлука за промена на траси на сообраќајници во идна урбанистичка планска документација , предлог одлука за неспроведување на стратегиска оцена,Одлука за основање на Здружение „Локална Акциона Група ПеЛАГонија“,предлог одлуки за продолжување на меѓуопштинската соработка со Битола и Могила но и доделување на средства на Здружението на пензионери за рекреативно патување и екскурзија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php