«

»

Dec 17

Нов водовод за жителите на село Добровени

5

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со жителите на село Добровени каде ги информираше за водоводниот систем кој започна да се гради, ги слушна нивните проблеми и потреби.

„По барање на жителите на село Добровени започнавме со изградба на нов водоводен систем за кој ќе издвоиме 1 400 000,00 денари средства од Буџетот на општината.Ги слушнавме нивните проблеми и заедно ќе се обидеме да побараме решение.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Жителите на село Добровени побараа изградба на водопоило,обновување на постоечката чешма во селото, партерно уредување и изградба на споменик на единствениот војвода од овој крај Дедо Кољо Добровенски.

Градоначалникот Котевски им вети дека ќе се обиде да се изнајдат средства за изградба на брана на река Мастина за техничка вода и наводнување на земјоделското земјиште за што веќе има изработен проект.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php