«

»

Dec 16

Трибина:Користење на пестициди и вештачки ѓубрива во земјоделското производство

DSC_7256

Во просториите на општина Новаци се одржа едукативна трибина на тема:Користење на пестициди и вештачки ѓубрива во земјоделското производство во организација на Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделстото и Центарот за јавно здравје од Битола

„Ние како локална самоуправа редовно поддржуваме вакви едукативни активности со цел правилно и навремено да ги едуцираме земјоделците  како би имале здрав земјоделски производ кој ќе биде конкурентен на пазарот.Денешната едукативна работилница има за цел зголемување на знаењата за правилната употреба на пестицидите и минералните (вештачките) ѓубрива како и здравствените ефекти од нивната неправилна и прекумерна употреба.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Општина Новаци и АПРЗ редовно организираат вакви трибини со фармерите со цел нивно редовно запознавање со новините во земјоделското производство.

„Пестицидите се хемикалии кои ако не се употребуваат правилно може да предизвикуваат сериозни здравствени последици.Ако прекумерно се употребуваат во земјоделството тогаш ќе имаме нездрави и штетни земјоделски производи  кои можат да бидат дури и забранети од инспекциските служби. “ вели Михајло Илиевски,раководител на одделение за регион Битола.

Советодавната улога на експертите од АПРЗ  е доста важна за пелагониските земјоделски производители,особено за начинот и примената на производите за заштита на растенијата и начините за водење на евиденција за извршените мерки за заштита на посевите и насадите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php