«

»

Dec 16

Презентација ,,Развој на Мариово во одржлива Туристичка Дестинација”

DSC_0030

Центарот за економска анализа  CEA во Новаци ја презентираше независната студија за развој на мариовскиот дел. Документот понатаму ќе биде појдовна основа и насока за стратешко планирање, развој, маркетинг и испорака на нови но одржливи туристички дестинации.

Мариово како дел од пошироката туристичка балканска понуда е визијата со која македонскиот тинк-тенк центар за економска анализа, пристапи кон изработката на оваа студија.Пет месеци се работеше на собирање и анализирање податоци согласно квалитативната истажувачка методологија истовремено следејќи ги ЕУ трендовите за развој на туризмот и вклопување на Мариово во тој концепт.Оттука и нивните оценки дека витинскиот пристап кон создавање најпрвин на сместувачки капацитети ,а потоа и добро осмислени туристички содржини умешно рекламирани, може да го доведат Мариово во натпревар со туристички атракции во Црна Гора и регионот Флорина во Грција, стои во информацијата од Центарот за економски анализи.

Општина Новаци има своја стратегија за развој на туризмот, а оваа есен се промени ситуацијата во некои од сегментите – поставени се сообраќајни показни знаци, ќе се обнови мостот во Зовиќ, наскоро ќе се започне со реконструкција на куќата на Калеш Анѓа,црквата Св.Димитрија во Градешница… вели Стевче Ангелевски, секретар на Општината.

Од општина Новаци велат дека документот секако ќе биде добредојден, особено за индивидуалните граѓански иницијативи околу подобрување на состојбата со сместувањето.

Општина Новаци е редовен поддржувач на серија манифестации во Мариово.Неколку години наназад успешно се реализира Џип турнејата и мариовскиот планинарски марш.

Студијата за Мариво како одржлива туристичка дестинација содржи и краткорочен рамковен акционен план и начелна финансиска конструкција , проценка на цената на чинење на проекти кои ќе го донесат Мариово до точката алтернативна туристичка дестинација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php