«

»

Dec 16

Мобилна детска градинка во село Гермијан

MOBILNA-GRADINKA-001

Првата мобилна детска градинка, единствена од ваков вид во државава ќе биде достапна за дечињата од претшколска возраст во село Гермијан. Со оваа градинка ќе бидат опфатени стотина деца од руралните средини во пограничниот регион на општините Битола , Новаци и Могила. Проектот е финансиран од ЕУ а главен носител на проектот е високата медицинска школа од Битолскиот универзитет како и здруженијата Лајф стар и Исиди Кор заедно со партнер организации од соседна Грција.

„Раниот детски развој е особено важен за децата.Токму затоа се радуваме што и едно наше село ќе биде вклучен во овој проект за едукација на децата од претшколска возраст. Ние имаме една градинка во с.Новаци која е отворена преку УНИЦЕФ но по завршувањето на проектот нејзиното функционирање продолжи со поддршка на општината.Планираме вакви центри за ран детски развој да отвориме и во Доборими. “рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Целта на оваа градинка е не само да ги едуцира децата од овие средини, туку и да врши промоција на проекти кои се однесуваат на здравјето и превенцијата од различни болести кај децата. Станува збор за проект за обезбедување на алтернативни предшколски услуги насловен „Грижа во ран детски развој“финансиран со средства од ИПА програмата за прекугранична соработка.

-Целите на проектот се да се обезбедат алтернативни претшколски услуги, за сите деца од рурални средини каде е многу скапо да се отвори стандардна градинка. Наинтерес дел од овој проект е мобилната детска градинка.Овој минибус ќе се преместува од село в село и за тоа време ќе биде градинка“ – изјави м-р Гордана Ристевска .C.Димитровска, координатор на проектот.

Еден од петте партнери на проектот е и невладината Лајфстарт која од 1997 година ја работи оваа проблематика.

-Со измените за предучилишно образование центрите за ран детски развој се со исти права и обврски како градинките, изјави Елизабета Јанакиевска, Лајфстарт Битола.

Со работата на Мобилната детска градина ќе бидат опфатени 150 деца на возраст од 3 до 6 години во 12 села од општина Битола и Новаци со цел да добијат предучилишни услуги и да бидат во допир со раното учење.Проектот за Грижа за ран детски развој започна во јули оваа година и ќе трае до почетокот на септември идната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php