«

»

Dec 11

Градоначалникот Котевски на средба со месното население на Бач, Гермијан, Живојно, Скочивир и Добровени

4

Продолжува редовната практика на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски да остварува редовни средби со месното население со цел да се запознае со нивните проблеми и заеднички да побараат можност за нивно решавање. Викендов се сретна со мештаните од пограничниот регион: Бач, Гермијан, Живојно,Скочивир и Добровени.

„Ова е редовна практика на определен временски период да ги посетам месните заедници во населените места во општина Новаци. Денеска разговаравме со жителите на пограничниот регион односно селата Бач, Гермијан, Живојно, Скочивир и Добровени. Зборувавме за решавање на тековните проблеми. Побараа да им се реши проблемот со слабиот напон на електричната енергија, да им се обезбеди редовна автобуска линија, да се санира регионалниот патен правец, да се санира или изгради нова брана во Живојно. Исто така се дискутираше за изградбата на погонот за рециклирање и можноста за отворање на нови работни места“, рече Котевски.

7

Во следниот период градоначалникот на општина Новаци ќе оствари други средби со жителите на неговата општина согласно претходно утврдената агенда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php