«

»

Dec 10

Општина Новаци ќе добие модерен систем за наводнување

4

Општина Новаци до 2015 година ќе добие модерен систем за наводнување на 1300 хектари обработливо земјоделско земјиште кој ќе обезбеди сигурен проток на техничка вода за приближно 630 домаќинства односно 2300 жители.Системот ќе се снабдува со потребната количина на вода преку поврзување на хидросистемот  Стрежево и акумулацијата Суводол.Предвидениот износ на инвестицијата е 9,5 милиони евра.

„Проектот е во согласност со владините програми и проекти и целосно ќе биде поддржан од Министерството за земјоделство и шумарство.Денеска видовме 4 можќни варијанти за спроведување на системот за наводнување. Системот ќе може да започне да се спроведува веќе од следната година најпрво од системот Суводол а наредната година и наводнување од Стрежево.Општина Новаци сега ќе започне со започнување на псотапка за времена експропријација до Народниот правобранител а откако тоа ќе заврши ќе се пристапи кон објава на јавен повик Тендер за изведувач. “ рече Зоран Коњановски,заменик министер за земјоделство.

Општината се залага да го подобри квалитетот на живот на сите граѓани кои живеат во неа.  Изградбата на систем за наводнување во Новаци ќе им помогне на големиот број на земјоделци кои живеат во реонот.

„Студијата за економска оправданост покажа дека изградбата на систем за наводнување е исплатливо.Планираниот систем ќе ги опфати селата:Далбеговци,Горно и Долно Агларци,Добромири,Рибарци и Новаци.Општината веќе ги започна редовните процедури поврзани со решпавање на имотно правните односи, времена експропријација на приватното земјиште, вадење на градежни дозволи, изградба на платоа и слично.Проектот се планира да биде завршен до 2016 година.“ рече Лазар Котевск,градоначалник на општина Новаци.

Благодарение на модернизирањето на наводнувањето,локалните земјоделци ќе имаат можност да го унапредат земјоделското производство и да остварат поголема профитабилност.

„Системот за наводнување односно неговото префрлање преку река Црна за мене како земјоделец ќе значи многу затоа што неколку години наназад се соочуваме со суши во летниот период и мали приноси.Досега се снајдувавме како знаевме со бунари, канали од РЕК.Има разлика од наводнувана и ненаводнувана земјоделска површина и се знае дека приносите ќе бидат далеку поголеми со редовно наводнување.Исто така уште една придобивка е што техничката вода ќе биде од прва класа и исправна  што ќе значи квалитетен земјоделски производ.“ рече Николче Велјановски, земјоделец,с.Новаци.

Студијата за економската оправданост врз основа се заснова проектот е финансирана од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси а проектот ќе се спроведува преку партнерство меѓу општина Новаци,РЕК Битола и ЈП Стрежево.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php