«

»

Dec 10

На барање на месното население поставен јарбол со Македонско знаме во Далбеговци

1

Жителите на општина Новаци важат за патриотски народ. Токму во тој контект по барање на месното население во село Далбеговци е изграден јарбол на кое е подигнато знамето на Република Македонија.„Извесно време жителите на новачкото село Далбеговци бараа општината да им изгради јарбол на кое редовно ќе се подигнува и ќе се вее знамето на нашата држава Република Македонија. Оваа активност е реализирана со средства од буџетот на општината“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

6

Општина Новаци само оваа година во село Далбеговци покрај јарболот изгради и го пушти во употреба новото монтажно училиште, секундарната водоводна мрежа, постави патна сигнализација и редовно асфалтирање и тампонирање на локалните улици согласно зацртаната програма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php