«

»

Dec 03

Предавање на тема: Физикална терапија и превенција од остеопороза на КИК Новаци

7

Културно иновативниот клуб Новаци за жителите на оваа општина организираше едукативна здравствена работилница на тема: Физикална терапија во лекување и превенција од остеопороза. Едукатор и предавач беше д-р Соња Коцарева Трпезановска,специјалист по физикална медицина и рехабилитација при Клиничка болница Битола.

„Јас сум американка но живеам и работам во Новаци. Кога пред 2 години дојдов тука  во Новаци немаше фитнес. За мене фитнесот е многу важен  бидејќи со спорт се занимавам од мала. Фитнесот е многу важен за здравјето на човекот на приемр за контрола на тежината, за намален ризик од кардиоваскуларни болести, дијабетис, видови на рак, за посилни коски и мускули и подобро ментално здравје“, рече Хана Траскот, волонтер од американски мировен корпус.

Целта на овој проект е на жените од руралните средини да им се подобри квалитетот на живот.

„КИК Новаци продолжува со реализација на многубројните активности. Една таква активност е и денешното предавање на тема: Придобивките од физичката кондиција и превентивната заштита и рехабилитација од остеопороза. Ова предавање предизвика голем интерес кај жителите на општина Новаци особено кај женската популација т.е. постарата женска популација како најзасегната од оваа болест“, рече Петар Велјановски, КИК Новаци.

Остеопорозата прераснува во еден од најголемите здравствени проблеми во светот од кој најголем број на заболени се жени и тоа 30 % .

КИК Новаци ја започна реализацијата на проектот „Фитнес и едукација за пдообра здравствена програма“. Реализацијата на овој проектот е во соработка со „Пријатели на Македонија„ (Friends of Macedonia) и поддршка од Општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php