Monthly Archive: December 2013

Dec 31

Општина Новаци домаќин на музичкиот сценски спектакл „Собирач на желби“

Детскиот театар Бабец од Битола го изведе музичкиот сценски спектакл „Собирач на желби“ во салата во општина Новаци.Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња и нивните родители зафатени од предновогодишната еуфорија.

Dec 30

„Предновогодишна Шумска Приказна” нова претстава на КИК Новаци

Културно иновативниот клуб Новаци за испраќање на старата и дочекот на Новата 2014 година подготви нова аматерска детска претстава за жителите на општина Новаци.

Dec 30

Новогодишни пакетчиња за дечињата од ОУ „Славко Лумбарковски“

Како и секоја година така и оваа ,општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски обезбедија новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои посетуваат настава во централното и подрачните училишта „Славко Лумбарковски“.

Dec 26

Започнаа градежните работи за реконструкција на мостот и воденицата,црквата и куќата на Калеш Анѓа во Мариово

Започнаа градежните работи околу реконструкција на четирите објекти кои се опфатени со проектот „Жива историја,жива природа“ од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2007-2013.

Dec 23

Донесен Буџетот на општина Новаци за 2014 година

Советот на општина Новаци расправаа и едногласно го донесоа најважниот финансиски документ за работењето на општината, Буџетот за 2014 година.Исто така ја донесоа и одлука за извршување на буџетот за 2014 година.

Dec 17

Нов водовод за жителите на село Добровени

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со жителите на село Добровени каде ги информираше за водоводниот систем кој започна да се гради, ги слушна нивните проблеми и потреби.

Dec 17

Советниците од општина Новаци ќе одделуваат месечно по 500 денари за фонд за социјално загрозени лица

На предлог на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, советниците од својот месечен надоместок ќе одвојуваат по 500 денари во фондот за помош на социјално загрозените и ранливи категории на граѓани.

Dec 16

Трибина:Користење на пестициди и вештачки ѓубрива во земјоделското производство

Во просториите на општина Новаци се одржа едукативна трибина на тема:Користење на пестициди и вештачки ѓубрива во земјоделското производство во организација на Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделстото и Центарот за јавно здравје од Битола

Dec 16

Презентација ,,Развој на Мариово во одржлива Туристичка Дестинација”

Центарот за економска анализа  CEA во Новаци ја презентираше независната студија за развој на мариовскиот дел. Документот понатаму ќе биде појдовна основа и насока за стратешко планирање, развој, маркетинг и испорака на нови но одржливи туристички дестинации.

Dec 16

Мобилна детска градинка во село Гермијан

Првата мобилна детска градинка, единствена од ваков вид во државава ќе биде достапна за дечињата од претшколска возраст во село Гермијан. Со оваа градинка ќе бидат опфатени стотина деца од руралните средини во пограничниот регион на општините Битола , Новаци и Могила. Проектот е финансиран од ЕУ а главен носител на проектот е високата медицинска …

Continue reading »

Older posts «

css.php