«

»

Nov 30

Работилница во „Бамби“ за хуманитарната акција „Прегратка на дар“

DSC_7142

Во Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци се одржа работилница за рачна изработка на перничиња и разни други ракотворби во која активно се вклучија мајките и бабите на дечињата кои редовно ја посетуваат игротеката.

Целта на акцијата е да се соберат предмети кои ќе бидат донирани во хуманитарната акција „ Прегратка на дар“ која ја организира интернет порталот рингераја.мк на болните дечиња за новогодишните и божиќните празници.

„ Новогодишните и божиќните празници се ближат, а со тоа расте претпразничната еуфорија и се буди желбата за дарување и дружење кај секој од нас.Многу ме радува што мајките и бабите од Новаци се вклучија во оваа акција и со нивните рачни изработки ќе им ги разубават и развеселат новогодишните и божиќните празници на болните дечиња. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Под мотото “Грам љубов – за тон здравје на болните деца”, во наредниот период до 31 декември, воспитувачките од градинките и родителите ќе ги мотивираат дечињата и нивните родиетели да изработат креативни и уникатни играчки за своите другарчиња, преку кои симболично ќе им посакаат побрзо оздравување и ќе им ја разубават Новата Година на оние врсници кои ќе ја дочекаат во болница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php