«

»

Nov 29

Средба на градоначалникот Котевски со претставници од АПРЗ П.Е. Битола и Федерација на фармери на РМ

IMG_4873

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со претставници од битолската подрачна единица на Агенцијата за поддршка и развој на земјиделството и Федерацијата на фармери на РМ на заеднички состанок ги договараа почетоците на нивната меѓусебна соработка и размена на податоци и информации.

„Разговаравме да воспоставиме соработка помеѓу фармерите од општина Новаци со АПРЗ и ФФРМ, постојано да разменуваат информации и податоци за тоа што произведуваат, колкави им се приносите, да аплицираат заедно во ИПА Програмата за прекугранична соработка. Исто така се разговараше за актуелниот закон за задругите , за здружувањето на земјоделците и слично“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ) во соработка со Албанскиот земјоделски совет од месец октомври започна со реализација на проект наменет за руралното население во пограничните региони со Албанија. Проектот насловен како „Почувствувај го здравиот рурален живот“ е финансиран од ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка со Република Албанија. Целта е да се подобри економската состојба на руралното население во пограничните региони преку нивна меѓусебна соработка, воспоставување едукативен тренинг центар во гостиварското село Вруток и промоција на традиционалната храна и руралниот туризам.

Од ФФРМ истакнуваат дека вакви слични проекти ќе настојуваат да направат и во пелагонискиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php