«

»

Nov 26

Презентирани активните мерки и програми за вработување на Форумот со работодавачи

IMG_4784

Претставници од министерството за труд и социјална политика,Агенцијата за вработување на РМ,Центрите за вработување,Националниот совет за претприемништво и конкурентност во соработката со градоначалниците на општините Новаци и Могила ги презентираа активните програми и мерки за вработување на работодавачите во насока на јакнеење на соработката во планирањето и имплементирањето на политиките за вработување на локално ниво.

Градоначалниците на општините Новаци и Могила Лазар Котевски и Стево Пивковски ги запознаа присутните со карактеристиките на своите општини, со бројот на население,старосната граница, степенот на образование, бројот на вработени и невработени, мерките кои општината ги презема за намалување на невработеноста и сл.

IMG_4788

Директорката на Центарот за вработување од Битола Јешим Сефуловска пред сите присутни работодавачи ги презентираше сите активни програми и мерки за вработување кои ги нуди Владата на РМ, со посебен осврт на нивните можности и придобивки.

Сите присутни работодавачи пополнија информативни прашалници со десеттина прашања кои на надлежните органи ќе им користат при изготвување на нови или подобрување на сегашните активни мерки и програми за вработување на локално ниво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php