«

»

Nov 25

КИК Новаци со нов проект за фитнес и едукација за подобра здравствена програма

fitnes i edukacija

Културно иновативниот клуб Новаци започнува со реализација на нов проект „Фитнес и едукација за подобра здравствена програма и нејзино имплементирање во рурална средина“.

„Културно иновативниот клуб Новаци е доста активен за многу краток временски период од кога постојат.Еве сега подготвуваат нов проект со кој ќе се влијае на физичката и здравствената состојба на населението.Проектот наиде на многу голем интерес и повеќе од сигурен сум дека ќе биде успешен“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

„Семинар на тема ,,Важноста на физичката кондиција и исхраната за децата во ран развој и адолесценција„ ќе се одржи во ОУ,Славко Лумбарковски во Новаци на 27.11.2013 год,со почеток во 11 часот.Свое излагање на темата ќе има др,Снежана Бојаџиева- Цветановска специјалист по школска медицина.Вториот семинар со тема ,,Придобивките од физичката кондиција за рехабилитација и превентивна заштита од остеопорозатa“за жените сениори ќе се одржи во салата во Општина Новаци на 02.12.2013 год со почеток во 19,00 часот, свое излагање на оваа тема ќе има др Соња Кочарева-Трпезановска специјалист по физикална медицина и рехабилитација„ рече Елизабета Јончиќ, коррдинатор на проектот.

Реализацијата на овој проектот е во соработка со „Пријатели на Македонија„(Frends of Macedonia) и поддршка од Општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php