«

»

Nov 22

Поставени 60 знаци преку проект на ЦРППР и Општина Новаци

3

 Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Емилија Ѓеровска одржаа прес конференција за новинарите, на која информираа за заедничкиот проект за поставување сигнализација на територијата на општина Новаци.

„Општина Новаци аплицираше со проект до Пелагонискиот плански регион и го доби проектот за Обновување на сообраќајната сигнализација. Поставени се над 60-тина знаци на следните делници: Делница Новаци-крстосница за Долно Орехово и Паралово,делница Маково-Старавина, Делница Гермијан-Добровени, делница Скочивир-Будимирци, делница Будимирци-Старавина, делница Далбеговци – Новаци, делница Новаци-Тепавци-Брод, делница Рибарци-Гнеотино, туристичка сигнализација на локални патишта и улици и туристичка сигнализација на регионални патишта“, рече градоначалникот Лазар Котевски.

Целта на проектот е преку неговата реализација учесниците во сообраќајот да бидат навремено, јасно, транспарентно и недвосмислено информирани за патните правци на подрачјето на општина Новаци.

„Вкупниот број знаци кои се поставени изнесува околу 60, а се поставени на неколку делници, регионални патни правци и локални патишта и улици“ рече Ѓеровска.

Вредноста на ова активност на општина Новаци изнесува 820 000,00 денари од кои 690 000,00 денари се донација од ЦРППР од Битола, а општината учествува со 120 000,00 денари средства од сопствениот буџет.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php