«

»

Nov 21

Општина Новаци домаќин на делегација од Унгарија

DSC_6032

За неполн месец општина Новаци повторно актуелна на полето на меѓународната соработка.Општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски заедно со конзулот Сашо Јанакиевски доследно ја дочекаа седумчлената делегација од Унгарија предводена од амбасадорот д-р Јозеф Бенце и Ласло Хорват градоначалник на општина Фармош.Првите луѓе на овие две општини потпишаа Договор за соработка и збратимување од која ќе произлезе богата меѓународна соработка на културен,економски и спортски план.

Амбасадор на Унгарија во РМ д-р Јозеф Бенце, посочи дека Унгарија е голем поддржувач на Република Македонија а со тоа темпо ќе продолжат и понатаму.Најави дека на 5 декември во нашата држава ќе дојде унгарскиот премиер со кој македонската Влада ќе потпише серија економски договори.

„Со општина Новаци воспоставивме контакти благодарение на амбасадорот и конзулот.Општина Фармош е општина која се наоѓа на 60 км од Будимпешта а нејзиното население главно се занимава со земјоделство.Со општина Новаци ќе развиеме богата меѓународна соработка во секој аспект “ рече Ласло Хорват,градоначалник на општина Фармош.

DSC_6051

„Денеска општина Новаци се збратими со општина Фармош од Унгарија, општина која е слична со нас по број на жители околу 3700 но е многу помала од нашата по територија. Заенички ќе разменуваме искуства и ќе соработуваме на економски, културен и спортски план “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

„Ова збратимување започна од мене и од амбасадорот и ние и понатаму ќе се трудиме да бидеме врската која поттикнува секаков вид на соработка помеѓу овие општини. “ рече Сашо Јанакиевски, конзул на Унгарија.

Делегацијата покрај што присуствуваше на свечената седница на Советот на општина Новаци одржа средба со економскиот совет, го посетија рударско енергетскиот комбинат РЕК,фабрката за резервни делови и машини ФОД,Фабриката за производство на ЦО2 и минерална вода, манастирот Рожденство наПресвета Богородица,Стопанска банка Битола и конзулатот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php