«

»

Nov 18

Земјоделските задруги бенефит за земјоделците

3

Заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски,градоначалникот на општина Новаци лазар Котевски, раководителот на подрачната единица на МЗШВ Битола Илија Србиновски и директорот на АПРЗ Игор Златков се сретнаа со  земјоделците од оваа општина и ги информираа за Законот за земјоделски задруги и поволностите од него.

„Преку тој закон доколку се формираат таквите земјоделски задруги ќе добиваат силна поддршка од Владата на РМ, 5 години има обезбедено плата за менџерот односно раководителот на земјоделската задруга 15% повисоки субвенции за земјоделците кои се членови во задругите, 20% од трошоците за водарина ќе ги обезбеди МЗШВ преку разни програми, а исто така доколу една земјоделска задруга сака да набави механизација која ќе ја користат сите членови на задругата 90% од цената на истата ја покрива државата односно МЗШВ. Тоа значи низа поволности за земјоделците кои ќе ги формираат и ќе бидат дел од овие земјоделски задруги. Овој проект не го измисливме ние туку ова окрупнување односно кооператива успешно функционира во европските земји затоа сметаме дека на овој начин ќе имаме поефикасно и подоходовно змејоделие“, рече Зоран Коњановски, заменик министер за земјоделство.

Денешната средба со земјоделците е со цел изворно и навремено нивно запознавање со новиот закон и неговите поволности, рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

„Ги информиравме нашите земјоделци за земјоделските задруги и начинот на кој ќе функционираат но  разговаравме и за тековните проблеми со кои се соочуваат. Ние сме му благодарни за Мин. За земоделство кое секогаш им излегува во пресрет на нашите земјоделци и одржуван редовни контакти со нив“, рече Котевски.

За формирањето и заживувањето на земјоделските задруги целосно ќе помогне преку своите советници Агенцијата за развој и поддршка на земјоделството.

„Агенцијата ќе им помогне на земјоделците преку советодавната група која ја има да им ги пренесе искуствата и знаењата за тоа, да им појасни како тие функционираат во светот и колкав голем е нивниот приход. Целта на создавањето на земјоделските задруги е поголем профит за земјоделците. Вистина е дека земјоделците  имаат негативно искуство со поранешните задруги но ова е нешто сосем друго затоа што ќе бидат поддржани од Владата и земјоделците кои ќе членуваат ќе бидат субвенционирани“, рече Игор Златков, раководител на АПРЗ Битола.

Министерот Коњановски ги информираше земјоделците и за законите за консолидација на земјоделското земјиште, за фитофармацевски производи и здравје на растение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php