«

»

Nov 18

Јавна презентација и анкета за изградба на погон за рециклирање,третман и складирање на отпад

IMG_4718

Во просториите на општина Новаци денеска се одржа јавна презентација и јавна анкета по ЛУПД  за изградба на  инфраструктурен комплекс со намена Е3 -рециклажа,третман и складирање на отпад на дел од КП бр.2215/2 КО Брод.

Опфатот  има површина од 16 585 метри квадратни.

IMG_4717

„Општина Новаци е отворена за инвестирање за секакви видови стопански комплекси кои не загадуваат односно нивната дејност спаѓа во лесно загадувачка индустерија. Оваа точка беше ставена на разгледување во Советот на општина Новаци и истата беше одобрена “ реча Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Сите заинтересирани или засегнати лица кои имаа одредени забелешки истите можеа да ги наведат во анкетните листови и да ги достават до архивата  на општина Новаци во рок од 10 дена од 07.11 до 17.11 од 10 до 15 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php