«

»

Nov 18

УСАИД ја презентираше физибилити студијата за системот за наводнување во општина Новаци

DSC_0047 (1)

Продолжува реализацијата на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во кој се вклучени ПоинтПро и општина Новаци. На состанокот беше презентирана физибилити студијата за системот за наводнување во општина Новаци. Се разгледа и можноста за фазна реализација на системот: во  првата фаза ќе бидат опфатени 400 хектари додека во втората фаза 1300 хектари кога се планира и приклучување на системот за наводнување кон ХМС Стрежево.

„Правата фаза е 1.2 мил евра а целокупниот проект е 6 милиони евра. Втор чекор ќе биде обезбедување на средства за реализација на целиот проект. Извори за финансирање за прва фаза се РЕК Битола, о.Новаци и Влада на РМ. Физибилити студијата обезбеди и 5 алтернативи за финансирање на првата и втората фаза и согласно моделот на финансирање ќе се дефинира и тарифата на вода која ќе треба да се плаќа“, посочи Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Следен чекор во имплементацијата на проектот е средба со сите засегнати страни: Министерство за земјоделство, подрачна единица на министерство за земјоделство, Стрежево, РЕК Битола, претставник од канцеларијата на вицепремиерот Пешевски, Управа за Водостопанство, Јавно комунално претпријатие од Новаци, ЗИК Пелагонија и општина Новаци која е закажана за 10 декември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php