«

»

Nov 15

Одбележан Светскиот ден на жртвите од сообраќајни незгоди во општина Новаци

3

Со видео презентација со статистички податоци, фотографии како и совети за безбедно движење и вклучување во сообраќајот во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци беше одбележан светскиот ден на жртвите од сообраќајни незгоди.

На барање на Министерството за локална самоуправа на РМ и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во соработка со ЦРППР во настанот се вклучи и општина Новаци.

„Денеска го одбележуваме Светскиот ден на жртвите од сообраќајни несреќи на патиштата. Статистичките податоци на ниво на држава покажуваат дека само во 2013 година имаме околу 140 жртви во сообраќајни незгоди, додека минатата година овој биланс изнесува 180. Бројката е алармантно висока затоа повикувам на поголема безбедност при вклучување во сообраќајот било како возачи или пак пешаци“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Градоначалникот Котевски го посочи статистичкиот податок дека од 1979 година од отворањето на РЕК на територијата на општина Новаци има 17 жртви во сообраќајни незгоди.

Општина Новаци деновиве поставуваше вертикална и хоризонтална патна сигнализација се со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот и превенција од несреќи.

Годинава тежиштето на програмата за одбележување на Светскиот ден на жртвите од сообраќајни несреќи на патиштата е насочена кон зголемување на улогата и практичен придонес на единиците на локалната самоуправа  за зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

За таа цел утре во хотел Континентал во Скопје ќе се одржи тркалезна маса со наслов „Како до помалку сообраќајни несреќи со фатални последици“. Преку активно учество и дискусии приустните  ќе предложат конкретни мерки и активности како конкретен придонес во намалување на причините за сообраќајните  несреќи со фатални последици и нивно намалување, со цел одбележување на Светкиот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php