«

»

Nov 13

Општина Новаци доби противпожарно возило

4

Општина Новаци доби донација противпожарно возило од градот УПСАЛА од ШВЕДСКА во соработка со Центарот за обука за заштита од пожари ПЕГАЗ ЕДУ и Доброволното противпожарно друштво ПЕГАЗ. „Оваа донација односно пожарната ќе биде од големо значење за општина Новаци затоа што во летниот период имаме често појава на пожари посебно во мариовскиот дел. Исто така ќе биде доста корисна и за зголемување на заштитата како и превентива. Истата ќе се користи во соработка со ДПД Пегаз и Центарот за обука“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Општина Новаци заедно со пограничните општини од регионот е вклучена во ИПА проектот FIRESHILD за зајакнување на капацитетите на противпожарните единици, во тек е изработка на план за превенција од пожари во пограничниот регион а ќе биде набавена и современа опрема за пожарникарите, системи за мониторинг и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php