«

»

Nov 08

Општина Новаци се збратими со хрватската општина Дуги Рат

DSC_2635

Градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски е домаќин на двочлена делегација од општина Дуги Рат,Р.Хрватска.Котевски и неговиот колега Јерко Роглиќ денеска потпишаа меморандум за соработка,разбирање и збратимување помеѓу двете општини.

„Општина Новаци е домаќин на делегација од Дуги рат Хрватска.На гости ние градоначалникот Јерко Роглиќ, претседателот на Советот д-р Јосип Бановиќ и хрватскиот конзул Бранко Маретиќ.Двете општини денеска потпишавме официјален документ за збратимување кој е само почеток на една богата и плодна соработка во иднина. Заеднички имаме аплицирано со проект од Програмата „Европа за граѓаните’’ заедно со Хрпеље-Козина од Словенија и Пустец од Албанија рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

DSC_2672

Дуги Рат и Новаци немаат многу сличности затоа што станува збор за приморска општина со 10 км квадратни површина и 7200 жители за разлика од Новаци која е 70 пати поголема по територија но со мала населеност.

„Со потпишувањето на меморандумот започнуваме со една подлабока соработка помеѓу двете општини, почнувајќи од аплицирање со проекти во европските фондови, па и соработка во областа на културата, спортот и слично. “ рече Јерко Роглиќ,градоначалник на општина Дуги Рат,Р.Хрватска.

Целата постапка на збратимување беше помогната од конзулот на Р.Хрватска во Р.Македонија Бранко Маретиќ.

Хрватската делегација по средбата со градоначалникот присуствуваше на свечена седница на Советот на општина Новаци, ја посети игротеката,основното училиште, РЕК, ФОД, Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица како и посета на хрватското конзуларно претставништво во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php