«

»

Nov 06

Потпишан договор за мултиетничка интеграција во образованието

1

ОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци и ОУ „Симче Несторовски“ од Вратница, општина Тетово потпишаа Договор за мултиетничка интеграција во образованието во рамките на проектот на МОН и УСАИД. „Министерството за образование и наука, како партнер на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во соработка со Бирото за развој на образованието, Центар за стручното образование и обука, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и се разбира  општина Новаци го поддржуваме напредокот на активностите, активното ангажирање, учеството и меѓусебната соработка на учесниците во образовниот процес“, вели Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

„Целта на овој договор е развивање на соработка помеѓу учениците и наставничкиот кадар , заедничко организирање настани, размена на искуства и знаења“, вели Мирјана Кузмановска советник за образование во општина Новаци.

„Целта на проектот беше децата да ги запознаат јазикот и културата на свои врсници од другите етнички заедници, а наставниците да стекнат знаења и вештини за работа во етнички мешани средини“, вели Ана Котевска Велјановска, директор на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци.

Овој проект годинава продолжи да се спроведува а првата завршница и постигнатите резултати беа промовирани на почетокот на оваа година и во него беа опфатени 4000 ученици и околу 500 наставници. Проектот имаше пет компоненти со вонучилишни активности – Летен камп за мултикултурата во Охрид, Мулти-култи автобус, Ликовен караван, слободни часови „Учиме заедно“, обука на наставници за јазикот и културата на другите заедници и обука на раководниот кадар за управување училишта во етнички мешани средини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php