«

»

Nov 05

Градоначалникот Котевски донираше во гинеколошкото одделение

1453548_673228092701092_1912664717_n

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски донираше сет постелнина долен, горен чаршав и навлака, перници и јоргани за Гинеколошкото одделение при Клиничка болница Битола. „Секоја година донираме по нешто во гинеколошкото одделение при клиничка болница, оваа година на нивно барање тоа е постелнина, перници и јоргани. Мило мие што ќе им бидат од голема корист а особено се радувам што донацијата е за ова одделение каде се раѓа нашата иднина“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

„Многу му сме благодарни на градоначалникот за неговиот слух и желба да помогне и да донира. Постелнината, перниците и јорганите ќе ни бидат од голема корист затоа што се соочувавме со недостаток, а сега ќе имаме нова постелнина за секој кревет на нашето одделение“, рече д-р Николина Ристевска, гинеколошко одделение, клиничка болница Битола.

Минатата година ова одделение доби кебиња како донација од  градоначалникот на општина Новаци. Вакви слични донации општината имаше и во Домот за доенчиња и мали децаво Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php