«

»

Nov 04

Работилница за искористување на биомаса за добивање енергија во општина Новаци

4

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организираше обука за месното население на општина Новаци во рамките на проектот „ Подигнување на свеста на населението во руралните средини во Пелагонискиот регион за искористување на биомаса за добивање на енергија“.

„Пелагонискиот регион изрази желба да организира обука за нашите жители со цел да ги едуцира и да влијае на подигнување на нивната свест за алтернативните начини за довивање енергија.Ние како општина секогаш сме отворени за соработка и веднаш им излеговме во пресрет се со цел да го едуцираме нашето население во насока на подобрување на нивниот секојдневен живот“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

 

Целта на проектот е да се информира населението во руралните средини во пелагонискиот регион за можностите за искористување на биомасата за добивање на енергија од аспект на намалување на трошоцте во домаќинствата и зачувување на животната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php