«

»

Nov 04

Едукаторите потпишаа договор за описменување на Албанките во Новаци

CSC_2292

Градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски, стави потпис на договорите за ангажман на четири наставнички кои од почетокот на месец ноември, па во следните шест месеци ќе им предаваат македонски јазик на жените албанки во општината.

„Ова е од големо значење за општината. Во Новаци има околу 40 тина жени албанки кои заради брачниот статус живеат тука, и мора да се едуцираат за да знаат да читаат и пишуваат на македонски јазик. Овој проект е на УНДП за општинско корисна работа и е насловен „Неформално образование на жените албанки”, изјави градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски

Со проектот за општинско корисна работа бенефит според градоначалникот имаат две целни групи: долгорочно невработените лица кои добиваат можност за времено вработување и во конкретниот случај жените албанки кои преку оваа едукација ќе станат поконкурентни на пазарот на трудот при барање работа.

Наставничките кои имаат задача да ги едуцираат жените – албанки во Општина Новаци сметаат дека проектот ќе биде од корист како за условно кажано ученичките, така и за нив самите. Фактот што и тие се новачанки, треба да биде ослеснителен фактор во процесот на совладување на македонскиот јазик и писмо. Со проектот за изучување на македонскиот јазик и писмо, ќе бидат опфатени жените – албанки кои живеат во Новаци, Добромири, Рапеш, Живојно, Бач, Брод и Гермијан, Горно и Долно Агларци и Далбеговци.

„Многу сум среќна што ќе можам да придонесам да ги едуцираме албанките за да можат да го совладаат македонскиот јазик”, изјави Ивона Филиповска – едукатор

„Големо е задоволството да им го пренесам знаењето по македонски јазик на нашите албанки кои живеат во Новаци, и да бидат поконкурентни на пазарот на трудот”, изјави Елена Тошевска едукатор

Според градоначалникот постоеле критериуми при изборот на едукаторите.

„Главен критериум беше тоа да едукаторите бидат жители на Општина Новаци”, додаде Котевски

Општина Новаци е една од 14 – те општини во државата кои аплицирале и го добиле овој проект.Вкупниот буџет на проектот според градоначалникот изнесувал 225 000 денари од кои УНДП ги обезбедува платите на едукаторите во висина од 144 000 денари а општината партиципира со остатокот од 81 000 денари. Проектот за општинско корисна работа започнал од 16 октомври а ќе трае до 17 мај 2014 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php