Monthly Archive: November 2013

Nov 30

Работилница во „Бамби“ за хуманитарната акција „Прегратка на дар“

Во Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци се одржа работилница за рачна изработка на перничиња и разни други ракотворби во која активно се вклучија мајките и бабите на дечињата кои редовно ја посетуваат игротеката.

Nov 29

Средба на градоначалникот Котевски со претставници од АПРЗ П.Е. Битола и Федерација на фармери на РМ

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со претставници од битолската подрачна единица на Агенцијата за поддршка и развој на земјиделството и Федерацијата на фармери на РМ на заеднички состанок ги договараа почетоците на нивната меѓусебна соработка и размена на податоци и информации.

Nov 26

Презентирани активните мерки и програми за вработување на Форумот со работодавачи

Претставници од министерството за труд и социјална политика,Агенцијата за вработување на РМ,Центрите за вработување,Националниот совет за претприемништво и конкурентност во соработката со градоначалниците на општините Новаци и Могила ги презентираа активните програми и мерки за вработување на работодавачите во насока на јакнеење на соработката во планирањето и имплементирањето на политиките за вработување на локално ниво.

Nov 25

КИК Новаци со нов проект за фитнес и едукација за подобра здравствена програма

Културно иновативниот клуб Новаци започнува со реализација на нов проект „Фитнес и едукација за подобра здравствена програма и нејзино имплементирање во рурална средина“.

Nov 22

Поставени 60 знаци преку проект на ЦРППР и Општина Новаци

 Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Емилија Ѓеровска одржаа прес конференција за новинарите, на која информираа за заедничкиот проект за поставување сигнализација на територијата на општина Новаци.

Nov 21

Општина Новаци домаќин на делегација од Унгарија

За неполн месец општина Новаци повторно актуелна на полето на меѓународната соработка.Општина Новаци и градоначалникот Лазар Котевски заедно со конзулот Сашо Јанакиевски доследно ја дочекаа седумчлената делегација од Унгарија предводена од амбасадорот д-р Јозеф Бенце и Ласло Хорват градоначалник на општина Фармош.Првите луѓе на овие две општини потпишаа Договор за соработка и збратимување од која …

Continue reading »

Nov 18

Јавна презентација и анкета за изградба на погон за рециклирање,третман и складирање на отпад

Во просториите на општина Новаци денеска се одржа јавна презентација и јавна анкета по ЛУПД  за изградба на  инфраструктурен комплекс со намена Е3 -рециклажа,третман и складирање на отпад на дел од КП бр.2215/2 КО Брод.

Nov 18

Земјоделските задруги бенефит за земјоделците

Заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски,градоначалникот на општина Новаци лазар Котевски, раководителот на подрачната единица на МЗШВ Битола Илија Србиновски и директорот на АПРЗ Игор Златков се сретнаа со  земјоделците од оваа општина и ги информираа за Законот за земјоделски задруги и поволностите од него.

Nov 18

УСАИД ја презентираше физибилити студијата за системот за наводнување во општина Новаци

Продолжува реализацијата на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси во кој се вклучени ПоинтПро и општина Новаци. На состанокот беше презентирана физибилити студијата за системот за наводнување во општина Новаци. Се разгледа и можноста за фазна реализација на системот: во  првата фаза ќе бидат опфатени 400 хектари додека во втората фаза 1300 хектари …

Continue reading »

Nov 15

Се одржа 10-тата седница на Советот на општина Новаци

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 10 тата седница на која разгледуваше околу 10 тина точки на дневен ред. Советниците дискутираа за предлог развојниот план за комунални дејности на општина Новаци за период 2014-2016 година и за планираните едногодишни капитални инвестиции за следната година.

Older posts «

css.php