«

»

Oct 31

Се одржа 9-тата седница на Советот на општина Новаци

IMG_4566

Советот на општина Новаци ја одржа 9-тата седница на која расправаше и разгледуваше 17 точки кои се најдоа пред советниците на дневен ред. Советниците го усвоија тромесечниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за период 01.01.2013 до 30.09.2013 година.

Разгледаа и одобрија Предлог Одлука за донесување локална урбанистичка планска документација за изградба на Базна станица за мобилна телефонија Суводол, одлука за сопствено учество на општина Новаци во Програмата општинско корисна работа, одлука за одобрување средства на организаторите на изборната кампања за изборни трошоци направени за Локалните избори 2013 година.

На КУД Новаци имбеше доделена финансиска помош за патување во Бањско, Бугарија.

Советниците одобрија средства за набавка наградежни материјали за санирање на трпезаријата на селската црква Св.Никола во с.Будимирци и Св.Арханжел Михаил во с.Рапеш, за доизградба на манастирскиот комплекс при манастирот Св.Атанасиј во с.Старавина.

Советот едногласно ја донесе предлог одлуката за покренување иницијатива за ревитализација и забрзан локален економски развој на Мариово во делот на општина Новаци.

Пред советниците се најдоа и неколку други барања за надомест на штети, барање за финансиска помош, донесување на урбанистичка планска документација и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php