«

»

Oct 31

Поставена е сообраќајна сигнализација на територијата на Општина Новаци

3

Општина Новаци започна со обновување на вертикалната сообраќајна сигнализација на целата нејзина територија. Вкупниот број знаци кои ќе бидат поставени изнесува околу 60 а ќе бидат поставени на неколку делници, регионални патни правци и локални патишта и улици.

„Општина Новаци аплицираше со проект до Пелагонискиот плански регион и го доби проектот за  Обновување на вертикалната сообраќајна сигнализација. Ќе бидат поставени над 60-тина знаци на следните делници:Делница Новаци-крстосница за Долно орехово и паралово, делница Маково-Старавина,Делница Гермијан-Добровени, делница Скочивир-Будимирци, делница Будимирци-Старавина, делница Далбеговци – Новаци, делница Новаци-Тепавци-Брод, делница Рибарци-Гнеотино, туристичка сигнализација на локални патишта и улици и туристичка сигнализација на регионални патишта“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Целта на проектот е преку неговата реализација учесниците во сообраќајот да бидат навремено,јасно,транспарентно и недвосмислено информирани за патните правци на подрачјето на општина Новаци.

Вредноста на ова активност на општина Новаци изнесува 820 000,00 денари од кои 690 000,00 денари се донација од ЦРППР од Битола а општината учествува со  120 000,00 денари средства од сопствениот буџет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php