«

»

Oct 29

Културно иновативниот клуб Новаци прослави една година постоење

934659_10201008426310889_219383628_n

Со пригодна свеченост ,коктел и мала приредба на која беа изведени песни, поезија и проза а беше поставена и изложба на ликовни и поетски творби Културно иновативниот клуб Новаци од Новаци го одбележа едногодишното постоење.

„Оваа годишнина од постоењето на Културно иновативниот клуб за нас значи многу затоа што за една година постоење тие направија многу.Тоа што беше иницијатива на Бети Јончиќ прерасна во една успешна организација во која децата членуваат и имаат можност да творат уметнички да се надоградуваат.Се сеќавам кога пред една година дојдоа да ми ја претстават идејата и ме прашаа дали ќе ги поддржувам за да творат и да учествуваат на разни манифестации. Јас веднаш го прифатив тоа и еве една година потоа тие успешно работат и јас како градоначалник и општина Новаци ќе ги поддржуваме во нивната работа “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

За оваа една година постоење КИК Новаци успеа да направи две аматерски претстави, да го реализира Топлиот културен бран поддржан од Министерство за култура и неколку приредби и манифестации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php