«

»

Oct 28

Ќе се гради погон за рециклирање во општина Новаци

IMG_4533

Општина Новаци организираше Јавен увид и Јавна расправа по Нацрт Извештај за стратегиска оценка за влијанието врз животната средина на КП бр.2215/2 КО Брод, општина Новаци за ЛУПД за изградба на стопански комплекс – погон за рециклирање, третман и преработка на комунален отпад.

„Општина Новаци е отворена за инвестирање за секакви видови стопански комплекси кои не загадуваат односно нивната дејност спаѓа во лесно загадувачка индустерија. Оваа точка беше ставена на разгледување во Советот на општина Новаци и истата беше одобрена“, рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Извештајот за стратегиската оцена на животната средина ќе биде изложен во просториите на општина Новаци – Одделение за комунални дејности, сообраќај, урбанизам, заштита на животната средина и локален економски развој, секој работен ден од  8 до 15 часот, почнувајќи од 9 октомври до 9 ноември. Овој извештај може да се најде и на веб страната на општината www.opstinanovaci.gov.mk.

Сите заинтересирани лица кои сакаат да се изјаснат по ова прашање и да достават свое мислење тоа можат да го сторат во следните 30 дена од денот на објавувањето на споменатите документи и тоа во писмена форма до архивата на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php