«

»

Oct 28

Прв официјален состанок за почеток на проектот “Жива историја, Жива природа”

9

Се одржа првиот официјален состанок со кој се означи почетокот на проектот „Жива Историја -Жива Природа“, кој општина Новаци го реализира во соработка со партнер општината Алмопиа, Грција од ИПА програмата за прекугранична соработка.

„ На состанокот присуствувавме двата градоначалници како и проектните тимови од двете страни и координаторот госпоѓицата Елефтерија Вотсари од Заедничкиот технички секретаријат од Солун. Се информиравме меѓусебно за текот на активностите од имплеменацијата на проектот, кои се нашите а кои нивните задачи,се запознавме со комуникацискиот план, погледнавме презентација на проектните кординатори на двете општини и слично. За овој проект имаме поднесено апликација за продолжување во третиот повик од ИПА програмата за кој треба да добиеме одговор до крајот на оваа година“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

4

Општина Новаци е водечки партнер во проектот „Жива Историја -Жива Природа“ со кој ќе се заштити културното и историското наследство. Со неговата имплементација ќе се реставрираат куќата на Калеш Анѓа во с.Старавина, мостот и воденицата во с.Зовиќ и црквата Св.Димитрија во с.Градешница. Исто така ќе се обележат природна, историска и комбинирана патека а ќе се уредат и неколку излетнички места по должината на овие патеки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php