«

»

Oct 22

Општина Новаци преку проект на УНДП ќе ги описменува жените Албанки

bscap0003

Околу 40 тина жени албанки кои заради брачен статус живеат во општина Новаци ќе се едуцираат да читаат и пишуваат на македонски јазик преку програмата на УНДП за општинско корисна работа,проект „Неформално образование на жените албанки“. Општина Новаци е една од 14 те општини во државата кои аплицирале и го добиле овој проект.

„За реализација на проектот ќе бидат ангажирани 4 едукатори за описменување на албанките кои ќе бидат избрани на јавен оглас. Вкупниот буџет на проектот изнесува 225 000 денари од кои УНДП ги обезбедува платите на едукаторите во висина од 144 000 денари а општината партиципира со остатокот од 81 000 денари“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

bscap0001

Со проектот за општинско корисна работа бенефит имаат две целни групи: долгорочно невработените лица кои добиваат можност за времено вработување и во конкретниот случај жените албанки кои преку оваа едукација ќе станат поконкурентни на пазарот на трудот при барање работа.

bscap0005

„Општина Новаци подеднакво се грижи за своето население, конкретно за описменување на жените албанки што ќе им биди особено корисно за да можат полесно да најдат работа но и да им помогнат во образовниот процес на своите деца“, рече Котевски.

Проектот за општинско корисна работа во општина Новаци започнува од 16 октомври а ќе трае до 17 мај 2014 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php