«

»

Oct 19

Пуштен во употреба патот Рибарци-Гнеотино

1

Премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за државни патишта Љупќо Георгиевски и градоначалникот на Општина Новаци, Лазе Котевски денес свечено го пуштија во употреба на локалниот пат село Рибарци ¨ село Гнеотино.

Патот Рибарци- Гнеотино комплетно со реконстуира со пари од Светска Банка, рече Љупчо Георгиевски, директор на ЈП Државни патишта и заедно со патот завршен минатата година Новаци-Рибарци, сега се добија 7 километри и 100 метри асфалтиран пат.

Премиерот пак го потенцираше значењето на оваа инвестиција. Ова е исполнето ветување, рече градоначалникот на Новаци Лазар Котевски. И тој пред насобраните граѓани од неколку села ги повтори заложбите за изградба на локалните патишта што ги поврзуваат населените места во оваа Општина. Патот е во должина од 4,1 км , а за него се потрошиле 19 милиони денари. Трите последни километри треба да се готови до крајот на оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php