«

»

Oct 09

Се спрема нов Закон за државни службеници

IMG_4428

 

На работен состанок  заменик министерот за информатичко општество и администрација на РМ, Марта Арсовска Томовска го информираше градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и државната администрација за измените кои ќе ги претрпи новиот Закон за државна и јавна администрација.

„Направени се некои измени во законот кои постапно ќе се имплементираат со цел да добиеме еден јавен сервис за граѓаните кој ќе функционира по приемрот на најдобрите државни администрации во светот на Велика Британија и Канада. Искористени се примери од нивното законодавство кои се прилагодени за нашиот систем. Ќе има измени на оценувањето на администрацијата и нивното наградување. Особено важно  е што многу ќе се обрнува внимание на дообуката на администрацијата,на едукацијата и усовршувањето“, рече Марта Арсовска Томовска, заменик министерот за информатичко општество и администрација на РМ.

IMG_4427

„Ги слушнавме новините кои ги спрема Министерството за информатичко општество во врска со законот за државни службеници и изворно од заменик министерката бевме запознаети како тоа ќе се одвива. Јас како градоначалник ја запознав со актуелната состојба во општината со нашите актуелни проекти но и проблеми со кои се соочуваме“, рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

IMG_4422

Законот за државните службеници е донесен во јули 2000 година. Со овој закон е направен огромен исчекор напред во утврдувањето на системот на државна служба, како и новиот статус на државен службеник во Република Македонија.Законот за државните службеници е единствен клучен акт кој има за цел да создаде услови за развој на професионална, политички неутрална, компетентна, одговорна и стабилна државна служба, како ефикасен сервис на граѓаните. Во досегашната примена, Законот претрпе десетина измени и дополнувања, од кои две се со поголем обем и претставуваа воведување на значителни подобрувања или новитети во државната служба. Во функција на операционализација на Законот за државните службеници, во периодот од 2001 година до денес, донесени се повеќе подзаконски акти, како и нивни изменувања и дополнувања

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php