«

»

Oct 08

Рекордни приноси на пченка со системот капка по капка во општина Новаци

2013-07-04 01.09.00

 

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси денес симболично го одбележа почетокот на жетвата на пченка во Пелагонија. Во текот на оваа година 30 земјоделци од Пелагонија со помош на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ постигнаа рекордни приноси на пченка благодарение на инсталираниот систем за наводнување „капка по капка“ дониран од УСАИД.

Првата фаза на иницијативата започна во мај, и се состоеше од финансирање и монтажа на системи за наводнување капка-по-капка, како и од програми за обука со цел 40 земјоделци од Полог и Пелагонија подетално да се запознаат со иновативните земјоделски практики. По успешната сезоната, сите земјоделците кои учествуваа во Иницијативата ги имаат зголемено приносите на зрно од пченка за 26% и на силажа (добиточна храна составена од стебла и листови на пченка) за 53%.

„Ниту еден систем освен системот капка по капка не може да го олесни наводнувањето.Овај е најдобар и најкорисен систем за наводнување. Многу е мала потрошувачката на енергија и има мала потрошувачка на вода, најрационално искористување на вода и енергија. Очекувам значително зголемување на приносите. Ако лани имав 60 % принос на пченка годинава очекувам зголемување од 40 % од ланскиот принос“, рече Николче Велјановски, производител на пченка.

2013-07-04 01.17.54

Иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ која започна оваа година во февруари значително ја зголеми локалната понуда на пченка за добиточна храна преку воведување на инивативни земјоделски практити и нови системи за капка-по-капка наводнување.

„Капка по капка е систем кој може да се употреби на секоја култура, изјави Иван Постоловски, експерт за системот капка по капка. Овој систем е незаменлив, бенефитите се големи”, изјави Јордан Кузмановски, директор на АРПЗ.

Од УСАИД изјавија дека преку модернизацијата на производството на пченка во Македонија ќе се зголемат приходите на малите и средните земјоделски бизниси, но ќе се зголеми и вредноста на поврзаните индустрии кои зависат од пченката за добиточна храна, како што се млекопроизводството и живинарството.

„Ние ги поттикнуваме фармерите да размислуваат како бизнисмени“, вели Џејмс Стејн, директор на УСАИД во Македонија.

“Американскиот народ, преку УСАИД и преку програми насочени кон подобрување на конкурентноста на македонското земјоделство, како оваа Иницијатива, веќе 20 години го поддржува економскиот раст на Македонија. Кога ќе се погледне во постигнувањето на овие земјоделци, не може да се побие фактот дека иновацијата има моќ да го трансформира земјоделството во еден профитабилен бизнис. Ние ги охрабруваме земјоделците да се гледаат себеси како мали бизниси. Како што тие инвестираат и како што се прошируваат, тие стануваат движечка сила на локалната економија”, рече Едуардо Тугенхат, директор на КАРАНА Корпорејшн (CARANA Corporation) организацијата која го имплементира Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси.

Во 2014 година иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ ќе премине во втората фаза и ќе им помогне на уште повеќе земјоделци од Полог и Пелагонија да станат конкурентни мали бизниси.

Општина Новаци е пилот општина во овој проект која е застапена со 4 земјоделци производители на пченка и 2 земјоделци производители на индустриски домат, а проектот ќе биде проширен и за производителите на пченица.

Проектот започна да се реализира во 2012 година а ќе трае до 2016 со вкупен буџет од 5 милиони долари. Го спроведува корпорацијата Карана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php