«

»

Oct 02

Нов позлатен покрив за Манастирот во Новаци

IMG_4333

За една година манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци ќе добие нов позлатен покрив,манастирски конаци и нова сала за крштевски, свадби и венчавки. Ова го најави градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски и претседателот на управниот одбор на манастирот Вељо Тантаров.

„Општина Новаци има усвоено стратегија за поддржување и обнова на сите верски објекти на нашата територија. Овој манастрир кој е едиствен изграден во низински дел е наш знак за препознавање и има огромна посетеност како од верници така и од ученици кои ги реализираат своите екскурзии.За денот на манастирот имавме посетенот од 17 000 луѓе. Нашата општина е богата со цркви и манастири има  59 цркви и 39 манастири кои континуирано ги поддржуваме.Оваа година имавме издвоено околу околу 50 000 евра од буџетот на општината за изградба на салата за крштевки, свадби и венчавки а ќе продолжиме со финансирање на неговата изграда и во понатамошниот период“, рече Лазар Котевски,градоачалник на општина Новаци.

„Годинава ќе ја завршиме изградбата на т.н манастирска куќа за свадби,крштевки и венчавки во склоп на манастирот Рожденство на пресвета Богородица во Новаци. Тоа што го ветивме горе-долу го исполнивме. Пред два дена салата е покриена со челична конструкција која ќе има капацитет за 400 гости со техничка можност за зголемување на капацитетот. Изградбата на објектот ќе чини над 320 000 евра. Досега се вложени околу 90 000 евра средства од општина Новаци, ЗК Пелагонија и ЕЛЕМ. Конструкцијата е изработена во петрич Бугарија и монтирана е од тамошни градежници. Во текот на следната недела ќе се започне и со покривање на салата со квалитетен лим“, рече Вељо Тантаров, претс. на УО на манастирот.

По покривањето на салата ќе се пристапи кон изградба на останатите предвидени придружни објекти.

„Салата ќе биде на два спрата. На горниот кат ќе има два апартмани, сала за состаноци на владиката со негови соработници, потоа канцеларија за матичарот и просторија за верско поучување на малдите деца. Планираме до крајот на оваа госдина да започне изградбата на конаците каде што нашите верници ќе можат да престојуваат“, рече Тантаров.

За следната година се планира да се обноси и позлати покривот на манастриот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци.

„Во преговори сме со една фирма од Петрич, Бугарија за кусо време да започне со позлатување на бакарниот покрив на манстирот.затоа што тоа што беше направено од една битолска фирма со пластифицирање на овој бакарен покрив имавме гаранција дека сјајот  требаше да трае 300 години не траеше ниту две години“, рече Тантаров

Позлатувањето на покривот ќе биде финансирано од донации на верници а сите градежни работи се очекува да бидат завршени до крајот на 2014 година. Манастирот Рожденство на Пресвета Богородица заради убавината е актуелен за ексурзии на деца а секоја сабота и недела има крштевки венчавки како од регионот така и надвор од државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php